Почетна
Магазин

Џина Џиновиќ: „Имам Хашимото“

Џина Џиновиќ откри дека има Хашимото и објасни зошто ѝ отекува вратот кога е нервозна или ја пропушта терапијата

·Магазин
Џина Џиновиќ: „Имам Хашимото“

Џина Џиновиќ, ќерката на фолк-пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина, ги изненади следбениците со отворена исповед за својата здравствена состојба: таа веќе извесно време се бори со Хашимото тироидитис.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, Џина објасни зошто ѝ е непријатно аголот од кој се снима и за изгледот на нејзиниот врат. „Мислам дека треба да го држам телефонот одгоре, а не да ми го гледате подбрадокот, малку ми е непријатно. Јас инаку имам Хашимото и кога не спијам, кога сум нервозна или кога не ја пијам терапијата, вратот ми натекува“, искрено сподели таа.

Што претставува Хашимото тиреоидитис?

Станува збор за автоимуно заболување при кое имунолошкиот систем грешно ја напаѓа штитната жлезда. Болеста е хронична и може да доведе до намалена функција на жлездата (хипотироидизам), поради што пациентите обично мора да земаат хормонска терапија и редовно да ја контролираат состојбата кај лекар.

Покрај отвореноста за здравјето, во јавноста се зборува и за односот со нејзиниот татко: Харис Џиновиќ неодамна изјави дека имаат „замрзнати односи“ и дека речиси и да немаат комуникација откако таа заминала на студии во Барселона.

Џина ова лето го помина на крстарење низ Средоземјето, посетувајќи повеќе од 25 грчки острови во друштво на нејзината мајка Мелина и новиот сопруг на Мелина, британскиот бизнисмен Џефри Арнолд. Таа споделува сцени од патувањето на големата луксузна јахта на Џефри, а објавите постојано привлекуваат внимание на Instagram (@djinadzinovic).

Џина и понатаму објавува влогови и моменти од секојдневието, продолжувајќи да зборува отворено за здравствените предизвици кои ги поминува.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи