Почетна
Македонија

ДКСК утврди коруптивни регулаторни ризици во Законот за финансирање на политичките партии

Комисијата предлага измена на одредби од законот за да се намалат регулаторните ризици и да се унапреди транспарентноста.

·Македонија
ДКСК утврди коруптивни регулаторни ризици во Законот за финансирање на политичките партии

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави извештај по извршена антикорупциска проверка на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии и утврди дека во законската регулатива постојат ризици кои можат да создадат коруптивни прилики.

На денешната седница, претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, нагласи дека проверката е спроведена по сопствена иницијатива и во рамки на антикорупцискиот план за проверка на легислативата за 2026 година, при што Комисијата констатирала одредени пропусти и предлага промени за нивно надмнување.

Предлози за измена на конкретни членови

ДКСК предлага да се преиспита член 10 од Законот со кој се уредува начинот на распределба на средствата за финансирање на политичките партии кои се обезбедуваат од буџетот на државата. "ДКСК предлага да се преиспита член 10 од Законот со кој се уредува начинот на распределба на средствата за финансирање на политичките партии кои се обезбедуваат од буџетот на државата. Според ДКСК, оправдано е прашањето дали ваквата распределба е пропорционална и дали на овој начин се овозможени фер и еднакви можности на сите учесници, а со цел почитување на начелото на еднакост. Дополнително, средствата за финансирање на политичките партии се обезбедуваат од државата, истите се јавни извори на средства кои континуирано се зголемуваат и затоа потребно е да се преиспита оваа законска одредба, дали е целисходна, соодветна и правична, и дали се остварува целта за која е пропишана," посочи Чучуљ.

Комисијата укажува и на потреба од измена на член 14, кој го регулира членарството на политичките партии, затоа што во одредбата недостига превентивен механизам, а доколку се надмине утврдената висина на членарината нема пропишани санкции во прекршочните одредби на Законот. "ДКСК предлагаат да се дополни и уреди и членот 14 со кој се уредува членарината што ја плаќаат членовите на политичките партии, бидејќи во одредбата отсуствува превентивен механизам и доколку се надмине утврдената висина на членарината, не се пропишани санкции во прекршочните одредби на овој Закон," наведоа од Комисијата.

Дополнително, ДКСК препорачува во член 16 да се уредат сите неопходни аспекти поврзани со вкупниот износ на поединечна донација од физички и правни лица, да се отстрани правната празнина и да се усогласи со одредбите од Изборниот законик. Комисијата укажува и дека член 17 треба јасно да дефинира на кој начин, покрај објавување на веб‑страница, регистрите на донации ќе бидат достапни до јавноста, особено за политички субјекти кои немаат свои веб‑страници. Во извештајот што ќе им биде доставен на надлежните институции, ДКСК препорачува и член 26, став 7 да утврди обврска политичките партии да поднесуваат годишна сметка за финансиското работење и до ДКСК, со што одредбата би се усогласила со Законот за спречување корупција и судир на интереси.

На седницата членовите на ДКСК исто така усвоија нов Деловник за работа на Комисијата и Деловник за работа на Прекршочната комисија на ДКСК, која од денеска функционира во нов тричлен состав.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи