Почетна
Македонија

Драстичен пад на бројот на првачиња: околу 4.900 помалку годинава

Министерката Весна Јаневска предупреди дека бројката не е дефинитивна, но дека дури и со дополнителни впишувања земјата ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку.

·Македонија
Драстичен пад на бројот на првачиња: околу 4.900 помалку годинава

Бројот на основци во земјава бележи драстичен пад: Министерството за образование и наука денеска објави дека оваа година има околу 4 900 првачиња помалку во однос на лани, изјави министерката Весна Јаневска на прес-конференција.

Јаневска нагласи дека бројката не е конечна бидејќи постојат уште тековни впишувања, но дека и со тоа земјата се соочува со значителен пад на новите уписи.

Податоци, тренд и загриженост на Владата

„Бројката во основни училиште е значително намалена и во овој процент се ближи над 4 000 деца помалку од лани. Не е дефинитивна бројката затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е што го кажувам тој факт, го има објавено и Статистика, тоа се најновите податоци – околу 4 900 првачиња помалку оваа година отколку лани. Колку и да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3 000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја. За Владата е тоа загрижувачки елемент и постојано велиме дека треба да обврнеме особено внимание. Ние како МОН правиме сè за да ги подобриме условите за да ги задржиме во земјата“,

рече Јаневска.

Таа посочи дека се намалува и бројот на студенти, што, според неа, е последица на сѐ помалиот број ученици во основните и средните училишта. Кај средношколците трендот е видлив, но засега не толку драстичен.

„Тие бројки не се дефинитивни оти имаме и трет уписен рок во август“,

рече Јаневска. Просечната оценка од полагањето на државната матура е 3,66 – Јаневска задоволна од резултатите.

Фото: Принтскрин / Миа

Поврзани написи