Почетна
Македонија

Драстичен пад на запишани првачиња: 200 паралелки помалку во основно, 100 во средно

Министерката Весна Јаневска вели дека за учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња и дека 26 рурални училишта ќе бидат природно затворени.

·Македонија
Драстичен пад на запишани првачиња: 200 паралелки помалку во основно, 100 во средно

Недела дена пред почетокот на учебната 2026/2027 година, министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во системот ќе има значително помалку паралелки — 200 паралелки помалку во основните и 100 паралелки помалку во средните училишта.

Министерката посочи дека за учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња. Јаневска се повика и на претходна проценка дека во претстојната година ќе имаме најмлаку 3.000 првачиња помалку и нагласи дека сè помалку ученици во основните и средните училишта неизбежно ќе доведе и до помал број студенти.

Оптимизација на мрежата и затворање училишта

Како дел од оптимизацијата за воведување едносменска настава, Министерството очекува природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња. Министерството го објаснува овој процес како последица од демографскиот пад, а не како директна административна реформа која би ги принудила училиштата да се спојуваат.

Во однос на учебниците, Јаневска нагласи дека тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. "Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година" — изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

За студентскиот оброк, министерката рече дека во овој момент не се планира зголемување на износот бидејќи до МОН не е доставено такво барање од студентските организации.

Експертите и властите предупредуваат дека намалениот број првачиња бара прилагодување на плановите за наставен кадар, инфраструктура и прием во високото образование, како и внимателно планирање на мерките во руралните средини каде школските објекти имаат и пошироко социјално значење.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи