Почетна
Балкан

Државјанин на Македонија уапсен во Србија по обид за поткуп на полицаjци

Српската полиција соопштува дека 43-годишен државјанин на Македонија понудил пари за да избегне казна за брзо возење.

·Балкан
Државјанин на Македонија уапсен во Србија по обид за поткуп на полицаjци

Вчера во Србија е уапсен 43-годишен државјанин на Македонија осомничен за обид за давање поткуп, соопштија српските власти.

Се тврди дека му понудил пари на сообраќајната полиција за да не му напишат прекршочна пријава

Акцијата ја спровеле припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија — Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата — по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.

Осомничениот, со иницијали З. А., се товари за тоа што им понудил пари на полицајци од Управата на сообраќајната полиција за да не му издадат прекршочен налог за прекршоци што ги сторил.

Според соопштението, тој управувал автомобил на автопат крај Краљево, ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента иако десната лента била слободна.

На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што ќе биде поднесена кривична пријава и тој ќе биде предаден пред надлежното обвинителство.

Фото: илустрација / Фејсбук / Мој Београд

Поврзани написи