Двајца загинаа во судар на патот Илинден–Миладиновци, тројца тешко повредени
Сударот се случи околу 2 часот по полноќ недалеку од полициската база Брест, двајца починаа на лице место.

Двајца загинаа, а тројца се тешко повредени во ноќен судар на патот Илинден–Миладиновци, кај полициската база Брест, во близина на Меѓународниот аеродром Скопје.
Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога „Опел Корса“, управуван од 19-годишен кумановец, директно се судрил со „Хјундаи i30“, управуван од 51-годишен жител на Марино.
На местото на несреќата починале возачот на „Хјундаито“ и неговиот 18-годишен син, додека нивната 18-годишна ќерка е тешко повредена.
Увид и обдукција
Со тешки повреди се здобиле и 19-годишниот возач на „Корсата“ и неговиот 18-годишен сопатник, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.
Јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршиле увид, а издадени се наредби за обдукција на починатите. Причините и околностите за несреќата се утврдуваат.
Фото: прес-материјал од настанот


