Две девојчиња повредени и пожар во Лавци по силен ветар во Битола
Две девојчиња повредени од скршено стакло во центарот, пожар во Лавци и бројни паднати дрвја низ градот по утрешните силни удари на ветер.

Силниот ветер што утрово ја погоди Битола предизвика низа проблеми: две девојчиња се повредени од скршено стакло на излог на јавна институција во центарот на градот, а во населбата Лавци беше пријавен и пожар на кој интервенираа противпожарните екипи.
Екипи на терен, регистрирани удари до 86 км/ч
Командирот на Територијалната против пожарна единица Битола, Христијан Тодоровски, потврди дека неговата екипа интервенирала по пријавениот пожар во Лавци. Пожарникарите и останатите служби беа повикани на повеќе локации поради срушени и искршени дрвја и материјална штета.
Работници на ЈП „Комуналец“ – Битола, кои се на терен, потврдија дека низ градот и околината има повеќе поврзани случаи со паднати дрвја. Во населбата Нова Битола скршено дрво предизвика материјална штета врз автомобил, а местото беше обезбедено од сообраќајната полиција поради безбедноста на граѓаните.
Управата за хидрометеоролошки работи регистрира дека најсилните удари утрово биле на мерната станица Тополчани и достигнале до 86 километри на час. Во Битола, во 13 часот, беа евидентирани удари на ветарот од 54 километри на час.
Надлежните служби продолжија со мерки за расчистување на оштетувањата и обезбедување на критичните локации додека трае интервенцијата и проценката на штетите.
Фото: прес-материјал од настанот


