Почетна
Македонија

Две и пол години затвор за Александар Лазаров Цуна, кој претходно избега преку прозорец

Лазаров побегна преку прозорецот на полициската станица во Кочани, а подоцна беше фатен по меѓународна потерница.

·Македонија
Две и пол години затвор за Александар Лазаров Цуна, кој претходно избега преку прозорец

Четириесет и едногодишниот Александар Лазаров Цуна од Кочани е осуден на две и пол години затвор откако призна вина во предмет во кој во јули годинава во неговото возило беше пронајдена дрога. Лазаров претходно, по распитот во Полициската станица во Кочани, преку прозорецот си даде во бегство; неколку дена подоцна беше лоциран и уапсен по распишана меѓународна потерница.

Пресуда и обвинение

Од Основниот суд во Кочани потврдуваат дека пресудата е донесена на 25 ноември. Лазаров е гонет за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата.

Дрското бегство преку прозорецот во кочанската полициска станица предизвика револт кај жителите на Кочани и кај семејствата на загинатите и повредените во дискотеката „Пулс“, кои го поврзуваат случајот со продажба на дрога.

Реагираа и опозициските партии, кои побараа да се утврди одговорност и да се испитаат околностите околу бегството на Лазаров.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, од Кочани им порача на полициските службеници: "доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, за нив ќе има одговорност и ќе бидат санкционирани."

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи