Движењето ЗНАМ го промовира отчетот за двегодишното работење во киното "Фросина"
Партијата презентира публикација со постигнати резултати и најавува 14-неделна серија панел-дискусии низ 14 градови до крајот на годината.

Движењето ЗНАМ на собир во скопското кино „Фросина“ го презентираше извештајот за работата од изминатите две години и промовираше посебна публикација со наведени остварувања.
Партискиот портпарол Никола Мемов рече дека во брошурата ќе бидат наведени остварувањата „во Собранието, во Владата и во институциите со кои раководат кадрите на ЗНАМ" и дека целта е да се прикажат конкретните одлуки, реформи, започнати проекти и постигнати резултати од мандатот добиен пред две години.
Промоција и јавна програма
– Ќе ја претставиме публикацијата: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!" Нашата порака е едноставна: „Отчетот не е за нас. Отчетот е за граѓаните". Пред две години, граѓаните ни дадоа доверба и мандат да преземеме одговорност. Денес сметаме дека е наша обврска јасно и отворено да покажеме пред тие граѓани што е направено, кои одлуки се донесени, кои реформи се реализирани, кои проекти се започнати и кои резултати се постигнати – нагласи Мемов.
Во публикацијата, како што посочи партијата, ќе бидат систематизирани остварувањата во Собранието, во Владата и во институциите каде што раководните позиции ги пополнуваат кадрите на ЗНАМ.
По промоцијата во Фросина, Движењето ЗНАМ најави дека почнува 14-неделна серија панел-дискусии кои ќе се одржуваат секој викенд до крајот на годината. Настаните ќе се организираат во 14 градови низ Македонија и имаат за цел директен дијалог со граѓаните.
Фото: прес-материјал од настанот


