Почетна
Македонија

Еден месец по невремето: низ Скопје уште има паднати дрвја

Градот тврди дека 278 дрвја се отстранети, но општините се одговорни за парковите и улиците под нивна надлежност.

·Македонија
Еден месец по невремето: низ Скопје уште има паднати дрвја

Еден месец по невремето кое на 19 јули го зафати Скопје, низ градот уште има паднати дрвја — на некои места откорнати, на други исечени на парчиња, но сè уште не отстранети.

Најголеми штети беа пријавени во Општина Карпош, каде на повеќе локации се гледаат откорнати стебла и полесни, скршени гранки. Паднати дрвја има и во парковските површини на Општина Аеродром, во Паркот на новинарите во Општина Центар, како и во Градскиот парк.

Градот тврди дека делот е исчистен, општините одговараат за локалните површини

Од Град Скопје велат дека најголемиот дел од паднатите дрвја на територијата на Градот, односно 278, се отстранети и транспортирани.

Од таму потсетуваат дека општините имаат обврска да ги отстранат дрвјата од парковите и улиците кои се под нивна надлежност.

Граѓани и посетители на парковите забележуваат дека на поединечни локации сѐ уште има исечени трупци и остатоци од грања кои стојат по неколку недели по невремето, што отвора прашања за временската динамика на расчистувањето во одредени делови од градот.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи