Почетна
Македонија

Единечна карта за Градскиот воз и автобусите нема — Градот работи на интегриран систем

Патниците од Зелениково мора да купат посебна карта за автобус; Градот и Министерството велат дека работат на интегриран систем.

·Македонија
Единечна карта за Градскиот воз и автобусите нема — Градот работи на интегриран систем

Не постои единечен билет кој би важел и за Градскиот воз и за автобусите на ЈСП „Скопје“. Патниците што од Зелениково доаѓаат со Градскиот воз до Транспортен центар за понатамошно движење кон центарот, Бит‑пазар, Клинички центар или други делови на градот мора да се префрлат во автобус и да купат нова карта.

Билетот за еднонасочно возење со Градскиот воз чини 40 денари, а повратниот е 70 денари. Картата за автобус на ЈСП „Скопје“ чини 35 денари при купување во автобус, односно 40 денари при плаќање со телефон.

На промоцијата на Градскиот воз на 1 септември, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски ги повикаа граѓаните да го користат во поголем број, нагласувајќи дека линијата ја подобрува мобилноста и овозможува побрза врска со центарот.

На прашањето зошто не е воведен единечен, временски билет што би важел и за воз и за автобус, од Град Скопје одговорија дека работат на проектот и го наведоа следното:

„Град Скопје, Министерството за транспорт и ЈСП веќе работат на изнаоѓање решение за интегриран транспортен систем. Еден од сегментите на кој активно се работи е воведувањето интегрирана транспортна картичка, која би имала примена во градскиот превоз и во други форми на јавен транспорт. Целта е да се воспостави поедноставен, поефикасен и функционален систем за граѓаните, кој ќе овозможи полесно користење на јавниот превоз“, велат од Град Скопје.

Во јули годинава, советниците од Левица предложија воведување билет со важност од два часа како што функционира во многу европски градови, но тој предлог не беше прифатен од мнозинството во Советот на Град Скопје, кое го сочинуваат ВМРО‑ДПМНЕ и „Вреди“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не се изјасни по предлогот.

Возниот ред и идните делници

Според возниот ред, Градскиот воз има по девет поаѓања од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето трае од 24 до 28 минути. Предвидени се уште две делници кон Илинден и кон Ѓорче Петров — и на двете постојат пруги, но во моментот нема сообраќај и тие се во многу лоша состојба.

Во тек е постапка за проектирање на тие траси, по што ќе следи оглас за избор на изведувач. Нивната изградба се очекува да заврпи до крајот на 2027.

Фото: Град Скопје)

Поврзани написи