Почетна
Магазин

Ема Мари Лоран (24) загина откако пикапот во кој беше потонa во Рио Нахулапа

Три жени беа извлечени од пикапот што потона во Рио Нахулапа; само една од задното седиште преживеа.

·Магазин
Ема Мари Лоран (24) загина откако пикапот во кој беше потонa во Рио Нахулапа

Младата француска инфлуенсерка Ема Мари Лоран (24) го загуби животот за време на одмор во Никарагва откако пикапот во кој била превезувана го однел бран од надојдената река Рио Нахулапа. Возилото брзо потонало и некои од патниците немаaт успеано да излезат.

Сведоштво на преживеаната

Според официјалните информации од надлежните органи, телата на три жени беа извлечени од пикапот што завршил во реката Рио Нахулапа, на југозападот од земјата. Од четирите жени кои седеле на задното седиште, само една успеала да се спаси.

Несреќата се случила во ноќта меѓу 8 и 9 октомври, кога групата се обидела да ја помине реката за време на силно невреме.

Преживеаната пријателка, Марин Депуи, која исто така била во автомобилот, на социјалните мрежи ја опиша кошмарната ноќ. Таа кажа дека се враќале од час по танц околу полноќ и дека им останувале само петнаесет минути до хотелот кога налетале на поплавена низина.

„Водата стигна до прозорците за само една секунда“, се присети преплашената Марин. Од десната страна наидел брз бран; возачот, кој работел во нивниот сурф-камп, и неговиот брат на местото за сопатник успеале веднаш да излезат бидејќи нивните прозорци биле отворени. За четирите жени на задното седиште почнала борба за преживување која за жал заврши трагично.

Надлежните продолжуваат со истрагата и со активности на терен за да се утврдат точните околности околу обидот за премин.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи