Почетна
Македонија

Есента почнува ноќеска во 02:05 — денот ќе трае 12 часа и 7 минути

Есенската рамноденица го означува почетокот; во Скопје првиот есенски ден ќе трае 12 часа и 7 минути и ќе донесе сончево време до 23°C.

·Македонија
Есента почнува ноќеска во 02:05 — денот ќе трае 12 часа и 7 минути

Есента во земјата и на северната хемисфера почнува ноќеска во 02:05 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Што е есенската рамноденица

Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6:22, а ќе зајде во 18:30. До крајот на годинава остануваат уште 99 дена.

Преминот кон новата сезона е означен со есенската рамноденица – моментот кога Сонцето, гледано од Земјата, го преминува небесниот екватор и го продолжува своето привидно движење кон јужната хемисфера.

По есенската рамноденица, северната хемисфера навлегува во период на постепено скратување на деновите и продолжување на ноќите, тренд што ќе трае се до зимската краткодневица во декември.

Според синоптичарите, на првиот ден од есента утрото ќе биде ведро и постудено, а потоа ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи