Почетна
Свет

ЕУ ја повтори поддршката за Украина пред 35-годишнината од независноста

Европската комисија го истакна почетокот на исплатите од заемот од 90 милијарди евра и донесувањето на 21-от пакет санкции против Русија.

·Свет
ЕУ ја повтори поддршката за Украина пред 35-годишнината од независноста

Европската Унија ја потврди својата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина пред одбележувањето на 35-годишнината од нејзината независност на 24 август.

Во соопштението, Европската комисија истакнува дека ЕУ ќе ја продолжи поддршката кон Украина во нејзините напори за постигнување „сеопфатен, праведен и траен мир“ и во нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.

Помош и санкции

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија вкупно 220,2 милијарди евра хуманитарна, финансиска и воена помош за Украина, се наведува во соопштението.

Комисијата додава дека во последните месеци ЕУ ги обезбеди првите исплати во рамките на заемот за поддршка од 90 милијарди евра, наменет за зајакнување на одбранбените способности и за реконструкција на земјата.

"ЕУ ги предводи напорите за обезбедување реконструкција и долгорочни инвестиции во украинската економија, како што беше потврдено и на Конференцијата за реконструкција на Украина во јуни. Таа игра клучна улога во обезбедување на враќањето на украинските деца присилно раселени или депортирани од Русија, како и во повикувањето на Русија на одговорност за нејзините злосторства, вклучително и преку Меѓународната комисија за барања и Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина", соопшти ЕК.

Во соопштението се додава и дека ЕУ ја усвои 21-от пакет санкции против Русија, со цел уште повеќе да се ограничат можностите на Москва за финансирање на војната и за изведување напади врз цивилите и инфраструктурата во Украина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи