Почетна
Свет

ЕУ предлага одложување до 1 јануари 2030 на построгите правила за пресметка на емисиите на приклучни хибриди

Комисијата предлага ревизија на „факторот на користење на електричен погон“ откако е утврдено дека многумина не ги полнат редовно хибридите.

·Свет
ЕУ предлага одложување до 1 јануари 2030 на построгите правила за пресметка на емисиите на приклучни хибриди

Европската Комисија предлага одложување до 1 јануари 2030 на построгите правила за пресметка на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) кај приклучните хибридни автомобили.

Новите правила, кои требаше да стапат во сила денеска, предвидуваат корекција на т.н. „фактор на користење на електричен погон“ кој ја одредува делницата од возењето што се смета како на електричен наместо на бензински или дизел‑мотор.

Причината за предлогот

Комисијата оценува дека корекцијата треба да ја отслика реалната употреба на приклучните хибриди. Повисокиот фактор го зголемува уделот на километражата пресметан како на струја, а тоа ги намалува официјално пресметаните емисии на CO2.

Проблемот што го констатираат е дека многу возачи не ги полнат своите хибриди редовно и затоа почесто возат на бензин или дизел отколку што претпоставува официјалната методологија.

Затоа ЕУ предлага промена во начинот на пресметка и одложување на примената на построгите правила до 1 јануари 2030.

Фото: ДПА)

Поврзани написи