Почетна
Свет

Европа купува рекордни количини на руски арктички гас — раст на увозот за 10% во јан–авг 2026

Увозот на ЛНГ од Јамал порасна за 10% во јан–авг 2026 и е концентриран кај две компании за транспорт.

·Свет
Европа купува рекордни количини на руски арктички гас — раст на увозот за 10% во јан–авг 2026

Оваа година Европа платила рекордни 7,3 милијарди евра за течен природен гас (ЛНГ) од рускиот арктички проект Јамал, сума што веќе во првите осум месеци од 2026 ја надминува вкупната вредност на увозот во текот на целата 2025 година. Овој тренд е во спротивност со јавното настапување на европските функционери за намалување на економските врски со Русија.

Во транспортната мрежа доминираат две европски компании — шкотската Сипик и грчката Динагас. Бродовите поврзани со нив превезле 72 проценти од вкупниот увоз на ЛНГ од Јамал. Шест танкери од типот Арк7 поврзани со Сипик транспортирале 4,73 милиони тони, додека бродовите на Динагас превезле околу 4,5 милиони тони.

„Европа тврди дека дека се оддалечува од руските енергенси, но податоците го покажуваат спротивното. Во првите осум месеци Европската Унија презела 10 посто повеќе ЛНГ од Јамал, што претставува речиси девет од секои 10 тони извезени преку тој проект“, вели Александер Кирк од невладината Ургевалд.

Анализата на Ургевалд открива дека европските пристаништа од јануари до август 2026 примиле 156 пратки со ЛНГ од Јамал. Вкупната количина од 11,39 милиони тони претставува пораст од 10,1 отсто во однос на истиот период лани.

Причини и рокови

„Купувачите од Европската Унија очигледно максимално го зголемуваат увозот пред забраната која стапува на сила во јануари во 2027 година. Најголем дел се испораки од постоечките долгорочни договори, додека увозот на ЛНГ во основа на краткорочни договори е забранет уште во април оваа година“, изјави Чарлс Костероуз, енергетски аналитичар во компанијата Кплер.

Аналитичарите посочуваат дека порастот е резултат од повисоките цени на гасот во Европа и големиот број на испораки. На зголемениот увоз влијаеле и конфликтите на Блискиот Исток кои ја нарушиле енергетската инфраструктура низ Ормускиот теснец. Најголеми увозници на руски арктички гас во Европа се Франција со 4,4 милиони тони, Белгија со 3 милиони тони, Шпанија со 2,7 милиони тони и Холандија со 1,1 милион тон.

Порастот на трговијата доаѓа во чувствителен политички момент: европските лидери ќе отпатуваат во Рованиеми, Финска, на 13 септември 2026 година на Европски арктички самит, додека дипломати во Брисел го подготвуваат 22-от пакет санкции против Русија во кој Грција обезбедила исклучок од целосна забрана за увоз на руски ЛНГ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи