Европа очекува редок студ и удар врз енергетиката
Комбинацијата од атмосферски феномени може да побрзо го испразни гасот од магацините и да ги зголеми цените.

Метеоролошки и енергетски експерти предупредуваат дека невообичаена комбинација од рано распаѓање на стратосферскиот поларен вртлог и силен Ел Нињо може да донесе подолг студен бран во делови од Европа.
Таквиот временски преседан се поклопува со фактот дека европските гасни магацини влегоа во зимската сезона на најниско ниво во последните години, а залихите се повлекуваат со побрзо темпо во изминативе недели.
Ризик за снабдувањето и цените
„Геополитиката и времето се два клучни двигатели на нестабилноста на енергетските пазари, а сега се чини дека се случуваат истовремено, што претставува најголем ризик за пазарите“, изјави за CNBC Флоренс Шмит, виш енергетски стратег во Рабобанк, додавајќи дека гасот од магацините е повлечен со невообичаено интензивно темпо во последните две недели.
Аналитичарот Дејвид Луис од Вуд Мекензи предупреди дека не постои историски преседан за истовремено појавување на рано распаѓање на поларниот вртлог и екстремно силен Ел Нињо во истата зима, што може дополнително да го оптовари снабдувањето ако температурите паднат или ветровите ослабеат.
Цените на гасот во Европа пораснаа до нивоа што не се среќаваа од енергетската криза во 2022 година; референтниот холандски TTF фјучерс за декемвриска испорака беше околу 87,28 евра за мегават-час во петокот.
Фото: прес-материјал од настанот


