Почетна
Свет

Европската комисија објави официјални датуми за поместување на стрелките до 2031 година

Службениот распоред ги утврдува почетоците и краевите на летното сметање до 2031 година и ја наведува 01:00 UTC како час на промена за 2027–2031.

·Свет
Европската комисија објави официјални датуми за поместување на стрелките до 2031 година

Европската комисија го објави официјалниот календар за поместување на стрелките на часовникот — односно за почетокот и крајот на летното и зимското сметање на времето до 2031 година.

Според важечките правила на Европската Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година.

Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври.

Во колку часот ќе се менуваат стрелките

Во информациите објавени во Службениот весник на ЕУ е наведено дека во периодот од 2027 до 2031 година промените ќе се извршуваат во 01:00 часот според Координираното универзално време (UTC).

Расправите за распоредот се направени врз основа на постојните прописи, што значи дека објавениот календар ја отсликува сегашната правна рамка, но не претставува конечна гаранција дека оваа пракса ќе остане до 2031 година.

Доколку во меѓувреме се донесат нови регулативи на ЕУ, двојните годишни промени на времето може да бидат укинати и порано.

Дебатата за укинување на сезонските поместувања на часовниците во ЕУ трае со години. Европскиот парламент во 2019 година усвои нацрт-закон за укинување на зимското и летното сметање во 2021 година, но спроведувањето беше одложено затоа што земјите-членки не се согласија кое време да се задржи.

Фото: Pexels

Поврзани написи