Европската комисија поднесе петти случај против TikTok поради алгоритми што создаваат "зајачки дупки"
Комисијата вели дека системите за препораки може да го прекршуваат Законот за дигитални услуги и да ги загрозуваат корисниците.

Европската комисија поднесе петти случај против TikTok, тврдејќи дека платформата развила алгоритми за препораки кои ги вовлекуваат корисниците во т.н. „зајачки дупки“.
Во своите прелиминарни наоди, Комисијата наведува дека ова е првпат да заклучи дека системите за препораки на некоја социјална мрежа претставуваат прекршување на Законот за дигитални услуги (Digital Services Act). Според оваа регулатива, може да се изречат парични казни до шест отсто од вкупниот годишен глобален промет на компанијата.
Фокус на влијанијата врз менталното здравје
Истражната постапка беше насочена на влијанијата врз менталното здравје, каде што доказите биле најцврсти. Комисијата констатира дека колку повеќе корисникот интерактира со одредена содржина — дури и ако таа е потенцијално штетна — толку повеќе слична содржина му се препорачува.
Комисијата истакнува дека компанијата не успеала соодветно да го земе предвид ризикот од вовлекување на корисниците во „зајачки дупки“ преку „континуиран тек на персонализирани видеа – дури и кога содржината се однесува на прашања поврзани со менталното здравје или загриженост за сопствениот изглед“ и дека мерките што TikTok ги вовела за да го спречи овој ефект се покажале како неефикасни.
Ова е петти случај што извршното тело на ЕУ го поднесува против платформата во кинеска сопственост; досега не е изречена парична казна во рамки на овие постапки.
Фото: прес-материјал од настанот


