Почетна
Магазин

Евровизија ги промени правилата — победникот може да не биде домаќин ако е во воен конфликт

Европската радиодифузна унија воведе нови услови за домаќинствo, го зголеми минималниот возраст и ги прецизира правилата за придружни вокали.

·Магазин
Евровизија ги промени правилата — победникот може да не биде домаќин ако е во воен конфликт

Европската радиодифузна унија ги измени правилата за изборот на песна на Евровизија: доколку земја победник е вклучена во воен конфликт, таа нема автоматски да може да го организира натпреварот следната година, а управното тело може да одбие домаќин поради безбедносни причини.

Критериуми за домаќинство и безбедносни проверки

Според новите одредби, победничките земји ќе бидат дисквалификувани ако „чувствителна геополитичка ситуација“ влијае врз „безбедноста, сигурноста или стабилноста на нивната држава или непосредниот регион“. Измената формализира процес со кој ЕБУ може да побара независна безбедносна проценка за регионот на победникот пред да донесе одлука за домаќинот. Ако процената покаже дека земјата не може безбедно да го организира настанот, ЕБУ ќе избере алтернативен домаќин.

Одлуката беше донесена по повратните информации од јавните сервисни куќи кои учествуваа на Евровизија 2026 во Виена и доаѓа по низа реакции поврзани со учеството на Израел. Пред прошлогодишниот обид за суспензија, пет национални телевизии — меѓу кои и Шпанија и Ирска — најавија бојкот минатиот ноември. И покрај протестите, израелскиот претставник Ноам Бетан ја освои втората позиција со песната „Michelle“, што беше втора година по ред Израел да заврши на второто место и предизвика загриженост околу безбедноста доколку идниот настан се одржи во Ерусалим или Тел Авив.

Новите правила ќе имаат последици и за Украина, која е во војна од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Претставници на ЕБУ наведоа дека целта е да се обезбеди безбедноста на учесниците, делегациите и публиката, како и да се воспостави јасна постапка за именување домаќин кога постојат геополитички ризици.

Покрај новите критериуми за домаќинство, ЕБУ ја зголеми минималната возраст за учество од 16 на 18 години и ги појасни правилата за користење на придружните вокали на матриците. Од следната година, матрицата не смее „да му помага“ на пејачот на сцената, на пример да има однапред снимен глас кој ја пее главната мелодија за да го засили или поддржи настапот во живо.

„Одлуката има за цел да ја заштити автентичноста на секој настап и дека публиката секогаш го слуша главниот вокал во живо“, соопштија од ЕБУ. Следната Евровизија ќе се одржи во Бугарија откако нивната претставничка Дара победи на изданието во 2026 година со песната „Bangaranga“. Исто така беше објавено дека Канада ќе се приклучи на натпреварот за првпат, а МРТ потврди дека ќе учествува во Софија.

Фото: Инстаграм/Евровизија

Поврзани написи