Почетна
Спорт

Филип Савовски: Дадовме солиден отпор, но загубивме од Бугарија 3:0

Савовски: играта имаше позитиви и пропусти; фокусот сега е на следниот противник Украина.

·Спорт
Филип Савовски: Дадовме солиден отпор, но загубивме од Бугарија 3:0

Националниот машки одбојкарски тим вечерва во Софија го отвори ЕП 2026 со пораз од Бугарија, 3:0 во сетови. И покрај конечниот резултат, нашихите играчи покажаа моменти во кои создаваа проблеми за светскиот вицешампион.

Резултат и реакција

Средниот блокер Филип Савовски, кој беше дел од стартниот тим, по мечот ја анализираше играта и оцени дека настапот има и позитивни страни кои треба да им послужат натаму во турнирот.

„ Со оглед на тоа дека игравме против светскиот вицешампион и тоа во Софија, пред нивна публика, пред полна сала, мислам дека дадовме солиден отпор. Имавме наши моменти, имавме и добри и лоши моменти. Имаше моменти кога не можебме да го смириме нивниот сервис и мислам дека тоа беше клучниот фактор што не можевме да избориме некој сет. Сепак што е тука е. Морам да кажам дека бевме доста добри во блок, во напад исто ако се знае дека Бугарите имаат доста висок блок. Кога се ќе се собере мислам дека тоа беше добар натпревар, добар почеток. Сега се осврнуваме на следниот противник и се надеваме на подобар резултат против Украина“ изјави Савовски.

Стручниот штаб оцени дека блокот и дел од напаѓачките решенија биле квалитетни, но дека приемот и справувањето со силниот сервис на Бугарија мора да се поправат пред следниот натпревар.

Селекцијата сега го насочува фокусот кон следниот меч во групата против Украина, каде што се очекува подобра реализација на прикажаните позитивни моменти.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи