Почетна
Политика

Филипче и Славевски во јавен „дуел“ за АЛТА банка

Филипче вели дека граѓаните остануваат без пристап до средства поради неделен лимит од 10.000 денари; гувернерот Славевски тврди дека мерките се погрешно толкувани.

·Политика
Филипче и Славевски во јавен „дуел“ за АЛТА банка

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше одлуката на Народната банка за ограничување на располагањето со средствата на граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка, посочувајќи дека е воведен неделен лимит од 10.000 денари за физичките лица, додека правните лица не се опфатени со исти ограничувања.

Филипче изјави дека со ваквата мерка парите на граѓаните остануваат заробени, додека фирмите можат непречено да располагаат со своите средства.

На неговите обвинувања реагираше гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски, кој порача дека Филипче погрешно ги толкува воведените мерки. Во својата порака Славевски напиша: "Почитуван докторе, разумен човек уште веднаш ‘хируршки’ би го отстранил/избришал овој срамен пост".

Народната банка воведе привремени мерки за АЛТА банка АД Битола, кои, како што беше наведено, имаат за цел заштита на средствата и интересите на депонентите.

Според објавените информации, депонентите во банката имаат вкупни депозити во вредност од околу 118 милиони евра, а финансиската институција во последниот месец бележи загуби.

Од 2 ноември банката привремено ги затвори сите експозитури за работа со клиенти, до понатамошно известување.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи