Почетна
Политика

Мицкоски: „Нема ни ‘к’ од криминалот за кој ме обвинувате“

По обвиненијата за криминални врски и можно префрлање пари, премиерот ги нарече наводите неосновани и одговори со критика кон опозицијата.

·Политика
Мицкоски: „Нема ни ‘к’ од криминалот за кој ме обвинувате“

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата што му ги упати претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата за пратенички прашања, оценувајќи ги како неосновани и како дел од политичка хистерија.

Остри реплики во Собранието

Филипче го обвини Мицкоски за криминални врски со Орбан и Вучиќ и говореше за можни трансфери на пари од Србија во Македонија, наведувајќи дека неодамна видел документи поврзани со овие сомнежи.

Од говорницата Филипче побара премиерот да ги исполни ветувањата за враќање на името, поништување на Преспанскиот договор и промени во договорот со Бугарија и преговарачката рамка.

Тој обвини и за распродажба на државно земјиште преку отворање рудници и предупреди дека, доколку почнат постапките, граѓаните ќе реагираат со силен отпор и „жив ѕид“.

Премиерот возврати отфрлајќи ги обвинувањата како лаги и политичка хистерија и ја бранеше владинаата линија, велејќи дека владата има победа во меѓународната арбитражна постапка за Казандол и дека државата нема да има трошоци, а проектот за антимон во местото Луке ужива локална поддршка.

"-Сакам да кажам почитуван премиере но не можам. Ја почитувам функцијата, но не и тебе. Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации, создаваш простор за политички острел на твоите политички противници, но и на твои блиски луѓе што не работат така како што ти им диктираш. Ја промаши професијата – би бил добар уредник на „Информер“ или на „Колегиум “, рече Венко Филипче, пратеник и претседател на СДСМ."

"-Во овие шест месеци нема ни ‘к’ од криминал за кој ме обвинувате, туку потврда дека оваа влада за оваа држава направила добро дело. Ме обвинивте дека сум трансферирал дрога, пари, што сѐ не се изнаслушав – од тоа дека сум идиот и не знам уште што. Нема да се спуштам на тоа ниво и да ви одговорам, мислам дека не заслужувате. Тоа е нешто што се учи во првите седум години, а вие тогаш очигледно сте бил фрустриран. Моите први седум години беа среќни , одговори Христијан Мицкоски, премиер."

Седницата продолжи со повеќе меѓусебни обвинувања по овие реплики.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи