Филипче: Мицкоски подготвува нов долг од 1,3 милијарди евра — граѓаните ќе ја платат сметката
Лидерот на СДСМ тврди дека на владина седница била усвоена потреба за ново задолжување и бара јавен одговор од кабинетот на Мицкоски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати остри критики кон владата предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека се подготвува ново, огромно задолжување на државата.
Според информациите кои ги презентираше Филипче, на вчерашната владина седница била усвоена потреба за ново задолжување. „Според нашите информации, на вчерашната седница на Влада е усвоена потреба за ново задолжување на земјава. И тоа, замислете, е сумата од милијарда и 300 милиони евра,“ изјави тој.
Обвинувања за континуиран раст на долгот
Филипче тврди дека ова ново задолжување доаѓа како дополнување на веќе зголемениот долг во изминатиот период. „Значи владата повторно не задолжува со нови милијарда и 300 милиони евра. Пари дополнително на оние две и пол милијарди евра со коишто го зголемија долгот на државата,“ обвини лидерот на опозицијата.
Тој предупреди дека товарот од овие финансиски потези ќе падне директно врз граѓаните. „Пари коишто ќе ги враќаме сите ние. Зошто? Поради нивните лоши економски политики,“ заклучи Филипче, поврзувајќи ги економските состојби со трендот на иселување од земјата.
Фото: СДСМ / видеозапис од прес-конференцијата


