Почетна
Политика

Филипче: Мицкоски живее во свој свет — граѓаните со празни паричници и фрижидери

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека владата нема резултати во економијата, здравството, образованието и земјоделието и дека статистиката на премиерот не одговара на секојдневието на граѓаните.

·Политика
Филипче: Мицкоски живее во свој свет — граѓаните со празни паричници и фрижидери

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција денеска ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека влегува во третата година од мандатот без конкретни резултати во клучни области, додека граѓаните се соочуваат со „празни паричници и празни фрижидери”.

Филипче ги наброи сферите со пропусти

Тој изрази загриженост што, според него, нема напредок во економијата, здравството, образованието и земјоделието, и додаде дека државата добила најлош извештај од Европската Унија, со недостаток на владеење на правото и ограничувања во слободата на медиумите.

„Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче.

Според него, премиерот се обраќа кон граѓаните со потсмев и потценување, а статистичките податоци кои ги презентира немаат допир со секојдневниот живот на луѓето.

Филипче посочи пример од интервју на Мицкоски: „Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече Филипче.

На крајот, тој нагласи дека тие бројки постојат само во светот во кој живеат премиерот и блискиот круг околу него, додека за големото мнозинство реалноста е поинаква: „Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи