Почетна
Балкан

Филмска потера кај Љубљана: 21-годишник украл пиштол и полициско возило, полицаец ранет

Инцидентот се случи утрово на горењскиот автопат, а осомничениот беше уапсен кај Радовљица.

·Балкан
Филмска потера кај Љубљана: 21-годишник украл пиштол и полициско возило, полицаец ранет

Драматична потера се случи утрово на горењскиот автопат во близина на излезот Шмартно, кога 21-годишен возач нападнал полицаец, му го одзел службениот пиштол, пукал кон него и потоа побегнал со полициско возило.

Според полицијата, настанот започнал претходно откако младиот возач предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета на љубљанската обиколница и продолжил да се движи кон Крањ. Возилото било запрено нешто пред 9 часот за време на редовна контрола.

Во текот на запиратa, осомничениот изненадно го нападнал полицаецот кој вршел контрола, му го одзел службениот пиштол и пукал во него. Повредениот полицаец добил прва помош на местото и бил пренесен во здравствена установа; од официјална страна е соопштено дека неговиот живот не е во опасност. Други лица не се повредени.

Потрага и приведување

Осомничениот потоа го зел службеното полициско возило и побегнал кон Горенска. Во потрагата учествувале повеќе полициски патроли, специјална единица и полициски хеликоптер.

Полицијата го пронашла во реонот на Лесце, а по потерата осомничениот бил уапсен кај Радовљица. Станува збор за 21-годишен словенечки државјанин, кој е задржан поради сомнение за кривично дело против животот и телото.

Медиумите објавија и снимка од црн „ауди“ тешко оштетено, со подигната хауба која речиси му го попречувала видот на возачот; според пријавите, со истиот автомобил претходно е предизвикана и сообраќајната несреќа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи