Почетна
Магазин

Фин ја доведе мајка си во Македонија: заедно во Охрид, „Залив на коските“ и Свети Наум

Германецот ја покажа природата и културните атракции на Македонија, од „Залив на коските“ до ручекот кај изворите на Црн Дрим.

·Магазин
Фин ја доведе мајка си во Македонија: заедно во Охрид, „Залив на коските“ и Свети Наум

Германецот Фин Ватчов ја доведе својата мајка во Македонија и ја прошета по некои од најпознатите локалитети околу Охрид, при што ги сподели впечатоците на социјалните мрежи.

Од „Залив на коските“ до Свети Наум

Тие го посетија музејот на вода „Залив на коските“ и разгледуваа дел од праисториското население на брегот на Охридското Езеро, по што се упатија кон светилиштето Свети Наум, каде што поминаа време во дворот на манастирот и уживаа во панорамата.

Еден од поспецифичните моменти снимен во видеото беше ручекот во ресторан на самите извори на реката Црн Дрим, опкружени со чиста вода, висока зеленило и тишина.

Фин гордо покажа сувенир од манастирот Свети Наум пред камерата и нагласи дека македонската историја, култура и природа се нешто што секој треба да доживее.

Не е првпат да привлече внимание: неодамна тој објави видеа од Прилеп и Лесново, и за манастирот Св. Гаврил Лесновски изјави: „Не можам да поверувам – црква стара 1000 години, фала му на Бог што дојдов да живеам во рајот!”

Снимката со неговата мајка брзо собра илјадници лајкови и топли коментари на социјалните мрежи; Фин редовно објавува дигитални разгледници со кои ја промовира Македонија пред странската публика.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи