Почетна
Спорт

Финалето на Лигата на Европа 2029 ќе се игра во Белград

УЕФА го додели финалето на националниот стадион во Белград, кој сè уште се гради.

·Спорт
Финалето на Лигата на Европа 2029 ќе се игра во Белград

Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука финалето од Лигата на Европа во 2029 година да се игра во Белград, на националниот стадион кој во оваа фаза се уште е во градба.

Во соопштението кое го објави Фудбалскиот Сојуз на Србија се вели: „ова за нашиот сосед е огромно задоволство, привилегија но секако и одговорност да се организира таков настан.“

Според информацијата, Белград беше избран меѓу неколку сериозни кандидатури и УЕФА му додели голема чест да го организира финалниот натпревар.

Контекст во регионот

На просторите на поранешна Југославија ваков престижен натпревар последен пат се одржа во 2017 година, кога Скопје беше домаќин на Суперкупот на УЕФА, со учество на екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Со доделувањето на финалето за 2029 година, фокусот ќе се пресели на завршувањето на националниот стадион во Белград и на подготовките што ќе треба да ги спроведат организаторите за да ги исполнат условите на УЕФА.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи