Почетна
Магазин

Финска нуди бесплатно патување за самци во 2027: вечера со локални слободни лица

Visit Finland ќе избере 16 странски учесници за четиридневни патувања во Хелсинки и Тампере, вклучително организирани вечери со локални самци и покриени трошоци.

·Магазин
Финска нуди бесплатно патување за самци во 2027: вечера со локални слободни лица

Финска започнува необична туристичка кампања под името „Finnish Dinner Date“ со која ги повикува самците од целиот свет да аплицираат за бесплатно четиридневно патување фокусирано на вечери и запознавање со локални слободни лица.

Иницијативата е организирана од Visit Finland и ќе избере вкупно 16 учесници од странство, распоредени во две групи по осум лица. Едната група ќе патува во Хелсинки, а другата во Тампере; на секоја од организираните вечери ќе присуствуваат и по двајца локални самци.

Што е вклучено и кога ќе се реализира

Избраните учесници ќе добијат четиридневно патување со покриени трошоци за превоз, сместување, оброци и предвидени активности. Патувањата ќе се реализираат во периодот од 9 до 19 февруари 2027 година.

Концептот ја комбинира туристичката промоција со романтичен мотив: организаторите велат дека сакаат гостите да ја почувствуваат финската култура и гастрономија преку специјално подготвени менија од познати фински готвачи, да воспостават нови пријателства и, можеби, да најдат љубов.

Кампањата е инспирирана од тренд што се појави на социјалните мрежи во Финска: некои самци во супермаркетите користат розови кошнички за да сигнализираат дека се слободни и отворени за запознавање. Visit Finland ја прошири идејата на меѓународно ниво.

За да аплицираат, кандидатите треба да снимат кратко видео на англиски јазик со одговор на прашањето што би послужиле за време на романтична вечера и зошто. Видеото треба да се објави на Instagram, TikTok или YouTube со ознаката #FinnishDinnerDate, а потоа да се пополни официјалниот формулар. Рокот за аплицирање е 10 ноември 2026 година до 11:59 часот по финско време; избраните учесници ќе бидат јавено објавени на 1 декември.

Организаторите нагласуваат дека целта не е само пронаоѓање романтичен партнер, туку и промоција на финската гастрономија, традиција и локална гостопримливост, како и понуда за незаборавно и социјално патување низ земјата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи