Фондот за осигурување на депозити располага со 25 милијарди денари
Максималното обештетување е 30 илјади евра по депонент по банка; исплатите се активираат по одземање на дозволата од НБРМ.

Фондот за осигурување на депозити во моментов располага со 25 милијарди денари или над 400 милиони евра, изјавија од институцијата.
Според правилата на Фондот, максималниот износ за обештетување на депозити на физички лица изнесува 30 илјади евра по депонент по банка.
Кои депозити не се обесштетуваат?
Фондот не ги обесштетува следните видови депозити:
- депозити на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
- депозити на роднини од прв степен на депонентите од точките 2 и 3;
- депозити кои се поврзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осуден и казната е во сила.
Во случај кога депонентот има обврски кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата, вкупниот износ на депозити на депонентот се намалува за износот на обврските на депонентот кон банката, филијалата на странската банка или штедилницата.
За да се активира исплата на обесштетување, потребно е Гувернерот на НБРМ да ја одземе дозволата за основање и работа на банка или штедилница согласно Законот за банки. Фондот започнува со обесштетувањето на осигурените депозити во рок од 20 дена од денот на конечноста на решението на гувернерот; во исклучителни околности рокот може да се продолжи најмногу за десет дена.
Фото: прес-материјал од настанот


