Франција ќе распореди воена единица Сентинел поради најавениот протест на 24 октомври
Министерот за внатрешни работи: Сентинел ќе ги ослободи полицијата и жандармеријата додека се одржуваат протести

Франција ќе распореди воена поддршка за протестите закажани на 24 октомври, најави владиниот врв, а премиерот Себастијан Лекорну рече дека распоредувањето на полицијата за саботниот собир "ќе биде масовно" и призна дека на 17 октомври полицијата била „престатична и недоволно мобилна“.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, според информациите, веќе дал насоки на полициските префектури и соопштил дека дел од армијата ќе биде распоредена за да ги засили полициските капацитети за време на протестите.
Ролјата на Сентинел
„Ќе ги распоредиме силите Сентинел како замена за внатрешните безбедносни сили, главно за да ги ослободиме полицијата и жандармеријата во нивната мисија за одржување на редот,“ посочи Нуњез, нагласувајќи дека воена единица треба да овозможи дополнителни ресурси, а не да ја превземе основната задача на јавниот ред.
Сентинел е антитерористичка единица, формирана во јануари 2015 година од тогашниот претседател Франсоа Оланд веднаш по нападите врз магазинот „Шарли Ебдо“. Нејзината цел е обезбедување на чувствителни локации како синагоги, цркви, училишта, железнички станици, аеродроми и туристички места.
Француската влада често ја активира оваа форма на распоредување како статична заштита за време на масовни немири и протести, со цел да се ослободат полициските сили за активни задачи за одржување на јавниот ред.
Во соседна Италија, вицепремиерот Матео Салвини најави дека ќе испрати дополнителни 500 војници за да го „одбранат Милано“ по насилните протести поврзани со лоши јавни услуги и растечки трошоци за живот. Италијанската полиција соопшти дека привела 271 младо лице за време на немирите во Милано, а претходно се случија судири во Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.
Фото: прес-материјал од настанот


