Габриела Ристовска ја воодушеви Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ и помина во втор круг
Младата Македонка ја изведе „Ако згрешам нека изгорам“ и ги освои пофалбите на жирито, додека баражот остана неизвесен до крајот.

Младата македонска натпреварувачка Габриела Ристовска ги привлече сите погледи во најновото издание на „Ѕвездите на Гранд“ — не само поради изведбата, туку и поради внимателно одбраниот, софистициран стајлинг што доби пофалби од жирито, пред сè од фолк-дива Цеца.
Класична песна и целосно бел стајлинг
Габриела настапи во елегантен бел комплет, составен од кроени панталони и стилизирана блуза – целиот изглед беше „закопчан до грло“, што уште повеќе го истакна нејзиниот сценски карактер. За настапот го избра безвременскиот македонски хит на Пепи Бафтировски, „Ако згрешам нека изгорам“, и ја изведе песната со видлива емотивност.
Цеца имаше само пофални зборови за нејзиниот настап и елеганција, изјавувајќи пред камерите: „Таа е за на сцена. Ја сака сцената и сцената ја сака неа. Убава е и атрактивна Иако си закопчана до грло, тоа нема врска, тоа жената го носи во себе, тој сексапил. Или го има, или го нема. Некои жени можат и голи да шетаат и ништо, а ти си жив показател дека жената кога ја има таа женственост вродена, тоа е така, порача Цеца пред камерите.
Иако настапот ја остави публиката и жирито без зборови, Габриела не обезбеди директен пласман од првиот круг; баражот беше драматичен и неизвесен до самиот крај.
Кога водителите Милан Митровиќ и Воја Недељковиќ ја соопштија одлуката дека Габриела продолжува во вториот круг, младата учесничка не можеше да ги сокрие емоциите и одвај ги задржа солзите радосници пред камерите.
Фото: прес-материјал од настанот


