Емилија Ристовска плени во „Никогаш не е доцна“
Таа ја изведе „Јави се, отерај тугу“ пред семејството и жирито — доби поддршка, но и критики за видливата трема.

Нашата сограѓанка Емилија Ристовска (40) вечерва привлече големо внимание со настапот во регионалното музичко шоу Никогаш не е доцна, изведувајќи ја баладата на Шемса Суљаковиќ „Јави се, отерај тугу“. Неговата сериозност и нејзината појава на сцената предизвикаа силна емоција кај публиката и дискусија меѓу членовите на жирито.
Нервоза, но и поддршка од семејството
Емилија се појави во долг зелен фустан и веднаш го привлече вниманието со елеганцијата и насмевката под рефлекторите. На трибините седоа нејзиниот сопруг, син и ќерка, кои гордо ја следеа секоја нота и секој нејзин чекор.
Иако во првите секунди тремата беше очигледна, таа собра сила и ја доведе нумерата до крај. За тоа ја коментираше и претседателот на жирито, Саша Милошевиќ Маре: "'Јави се, отерај ми трему…‘ Тоа би била нејзината песна за вечерва. Тремата се препознава кога некому му се крати здивот на краевите и влегува несигурно во првиот тон. Го имаш тој страв, верувам дека на пробата било многу подобро. Сигурен сум дека во следниот настап ќе бидеш двојно подобра!" Маре дури и запеа краток дел во студиото за да покаже како ја мисли интерпретацијата.
Со слично мислење беше и Енес Беговиќ, кој ја пофали упорноста и го оцени изборот на песната како тешка. Наспроти тоа, Рада Манојловиќ ја бранеше кандидатката и рече дека жирито било престрого, нагласувајќи дека бојата на гласот и емоцијата на Емилија биле на високо ниво.
По емитувањето, Емилија објави емоционална порака на својот Фејсбук: "Почитувани мои пријатели и следбеници, мојот сон е на прагот од остварување! Среќна сум што застанав на големата музичка сцена и не можам да го опишам тоа чувство. Ти благодарам, Господе! Следете го мојот прв јавен настап кој беше исполнет со среќа, помалку страв и трема…," напиша таа и додаде благодарност кон оние кои ја пријавиле за шоуто: "Ова е жената што ја сакав како втора мајка, која е ветар во мојот грб, која беше упорна да го остварам мојот сон и која чекаше да дојде моментот кога ќе имам соодветна возраст за шоуто Никогаш не е доцна‘ И без размислување заедно со нејзината ќерка која ја сакам како моја сестра, ме пријавија во Никогаш не е доцна и се радуваат на секој млој успех, со најглема надеж дека ќеуспеам до крај, до финале. Иако сум на почеток, со ваква поддршка секој момент е успех и надеж!"
Со својот шарм, грациозност и сила на изразување, Емилија остави впечаток во ова издание на шоуто; публиката со нетрпение ќе ги следи нејзините наредни настапи.
Фото: прес-материјал од настанот


