Гаши закажа седница за пратенички прашања на 18 ноември
Спикерот вели дека минатонеделниот неуспех бил поради различно толкување на деловникот и очекува напредок по Кочани.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја повтори намерата да ја спроведе седницата за пратенички прашања во среда, на 18 ноември, откако обидот во претходната недела не успеа поради долги паузи кои побараа пратениците.
На брифинг со новинарите Гаши посочи дека причината за неуспехот била различно толкување на деловникот и дека на денешната координација темата била разјаснета, па растеретување на работата се очекува во среда.
Африм Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М: Седницата за пратенички прашања која требаше да се оддржи претходната недела поради долгите паузи веќе ја закажавме за на 18 ноември. Причините поради која таа не се оддржа беа различните читања во деловникто за паузите кои се користат но денеска на координација разговаравме за тоа и во среда тоа нема да биде случај . Јасно е дека тие седници траат околу два часа . Министрите однапред си го планиораат времето и не гледам ништо спорно доколку излезат на пауза доколку тековното прашање кое с епоставува не е наменето за нив. Досегашната пракса покажала дека кога претеник поставува прашање министерот е секогаш на седница освен ако оправдано не го образложил своето отсуство .
Алта банка, анкетата за Кочани и известувањето до ЕК
Во врска со продолжението на надзорната расправа за Алта банка, Гаши нагласи дека тоа не зависи од него, туку од претседателката на комисијата, Лукареска. Тој оцени дека комисијата сега е фокусирана на буџетот и дека официјални одлуки засега нема.
Гаши очекува откочување на работата околу Анкетната за Кочани откако пред десетина дена родителите на загинатите испратија допис до Собранието со предлог заклучоците до претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Тој рече дека засега нема конкретен одговор од ниту една политичка партија дали десетте предлог заклучоци се прифатливи.
Африм Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М: Знам дека родителите на семејствата на загинатите испратиле допис до собранието . Очекувам дека работата со анкетната ќе се одглави . Најпрвин во рамките на постојаната анкетна за потоа да може да се дискутира и за другата анкетна .
Во меѓувреме Собранието испрати кривична пријава до ЕК; Гаши рече дека не го погледнал целосниот текст, но знае дека долго време се работело на него и дека евентуалните забелешки од ЕК ќе бидат имплементирани согласно препораките.
Фото: прес-материјал од настанот


