Почетна
Магазин

Германија предлага построги казни за фемицид — родово мотивирани убиства да се третираат како тешко убиство

Штефани Хубиг предлага родово мотивираните убиства да се третираат како тешко убиство и најави електронски алки, брзи разводи и мерки против дипфејкс

·Магазин
Германија предлага построги казни за фемицид — родово мотивирани убиства да се третираат како тешко убиство

Германската министерка за правда Штефани Хубиг најави сет законски измени насочени кон борбата со насилството врз жените, велејќи дека мотивите базирани на полот треба јасно да се квалификуваат како еден од оснoвите за тешко убиство.

Во интервју по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените Хубиг (57) со емoција зборуваше за судбината на 36-годишната Катерина Сниедкова. Таа, по бегството од војната во Украина, повеќепати пријавувала закани и прогон во полиција, но на 6 јули во Офенбург беше убиена од својот прогонител, кој потоа изврши самоубиство.

Какви измени се предвидуваат

Според нацрт‑измените на Кривичниот законик, в членот за тешко убиство задолжително ќе се вметнат и „родово базираните мотиви“ — особено кога маж убива партнерка или поранешна партнерка затоа што не прифаќа крај на врската или правото на жената да одлучува за својот живот. Целта е судовите да не ги третираат ваквите дела како обично убиство или како смртен исход по телесна повреда, ниту да прифаќаат објаснувања за „емоционален афект“ или „очај“, наместо да ја препознаат посесивноста и патријархалната доминација.

Во пакетот со мерки се предвидени и практични механизми за заштита: електронски алки за следење на сторителите, подолги рокови за застареност кај сексуалните дела, полесна постапка за раскинување на заеднички договори за закуп и побрза бракоразводна постапка за жртвите на насилство.

Исто така се предлага закон против дигиталното насилство — санкции за креирање и ширење сексуализирани „дипфејк“ содржини и злоупотреба на снимки, како и полесен пристап до податоци за блокирање насилни профили на интернет.

Хубиг предупреди дека само измена на законите не е доволна: потребна е и промена на општествената свест и нулта толеранција кон насилството од првите знаци и пријави. Дебатата го донесе и официјалниот потег — во Бундестагот за првпат ќе се одржи едноминутно молчење во чест на жртвите на фемицид.

Фото: Унсплаш, Сасун Бугдаријан

Поврзани написи