Почетна
Македонија

Ѓорѓиевски: ЈСП годинава со заштеда од половина милион евра за гориво

Градот воведе ГПС-следење и сонди за гориво; 100 нови еколошки автобуси ќе помогнат за поредов превоз.

·Македонија
Ѓорѓиевски: ЈСП годинава со заштеда од половина милион евра за гориво

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, сума која по финалниот годишен извештај може дополнително да се зголеми.

Ѓорѓиевски го објави резултатот за време на вклучување во живо на Фејсбук, во рамки на разговорот со граѓаните за подготовката на буџетот за 2027 година. Тој посочи дека заштедата е остварена и покрај фактот што на улиците има околу 50 автобуси повеќе од периодот кога ја презел функцијата.

„Имаме половина милион евра заштеда за гориво во услови кога имаме 50 автобуси плус пуштено во оптек. Јас кога станав градоначалник, во ЈСП функционираа 148 автобуси, денес сообраќаат на линиите над 200 автобуси, а имаме над половина милион евра заштеда, што значи дека некој дебело се офајдувал во минатото на сметка на нас граѓаните“, рече Ѓорѓиевски.

Нови мерки за контрола на потрошувачката

За поголема контрола на потрошувачката, Градот воведе систем за следење на автобусите и возилата на јавните претпријатија преку ГПС-уреди, а поставени се и сонди за мерење на горивото, додаде градоначалникот и ги опиша како клучни за намалување на загубите и зголемување на транспарентноста.

Тој најави и дека наскоро се очекуваат 100 нови еколошки автобуси кои, според него, ќе придонесат за нормализирање на состојбите во ЈСП, подобра организација на линиите и почест превоз.

„Тимови од ЕВН, Министерството за транспорт и ЈСП работат за да ги адаптираме позициите за да може новите автобуси да имаат соодветни полначи. Некаде треба да се изградат и трафостаници. Има неколку позиции каде ќе треба да се полнат“, додаде тој.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи