Почетна
Македонија

Година и пол стануваме во чад од пицерија: станарите од Рузвелтова 15 бараат интервенција од премиерот

Станарите од седумстепената зграда тврдат дека Општина Карпош ги игнорира нивните пријави и бараат од премиерот Христијан Мицкоски да покрене проверки.

·Македонија
Година и пол стануваме во чад од пицерија: станарите од Рузвелтова 15 бараат интервенција од премиерот

Станарите од зградата на улицата Франклин Рузвелт бр. 15 во општина Карпош во Скопје велат дека веќе година и пол живеат во услови на постојан чад и непријатни мириси од пицерија која работи во нивната зграда.

Во зградава со само седум станови, според станарите, проблемот е пријавуван повеќе пати до Општина Карпош, но не е добиена конкретна реакција. Како последица, тие испратиле писмо до премиерот Христијан Мицкоски во кое бараат итна интервенција на повеќе државни институции поради долгогодишните еколошки, градежни и санитарни проблеми што произлегуваат од работењето на пицеријата.

Станарите бараат инспекции и брзи мерки

Според изложеното од станарите, оџакот на пицеријата е поставен многу блиску до становите и секојдневно испушта густ црн чад и масни саѓи кои навлегуваат во жилиштата, дури и кога прозорците се затворени. Тие посочуваат дека поради тоа не можат да ги отвораат прозорците ниту да користат клима-уреди, а како доказ за сериозното загадување наведуваат сушењето на повеќегодишно дрво во близина на оџакот.

„Секојдневно сме изложени на густ чад, саѓи, бучава, вибрации и сообраќаен хаос, поради што нарушено ни е правото на нормално и безбедно живеење. Оџакот на пицеријата поставен во непосредна близина на зградата секојдневно испушта густ црн чад и масни саѓи кои навлегуваат во становите дури и при затворени прозорци. Не можеме да ги отвориме прозорците ниту да користиме клима-уреди, а како доказ за сериозното загадување е сушењето на повеќегодишно дрво кое се наоѓа во близина на оџакот“, велат станарите.

Тие бараат еколошки, градежни и санитарни инспекции да извршат контроли и да утврдат дали работата на пицеријата ги прекршува прописите и ги загрозува здравјето и условите за живот на станарите. Како што посочуваат, отсуството на реакција од општинските служби ги натерало да побараат интервенција од владината и централните институции.

Фото: СДД.МК)

Поврзани написи