Почетна
Балкан

Голем шумски пожар го зафати масивот Крује — евакуирани села, уапсен осомничен

Пожарникари, војници и три воени хеликоптера гасеа ноќеска; полицијата уапси лице осомничено за предизвикување на пожарот.

·Балкан
Голем шумски пожар го зафати масивот Крује — евакуирани села, уапсен осомничен

Голем шумски пожар изби на планината Крује и се прошири кон населените места, поради што ноќта беше евакуирано население од неколку села.

Пожарникари, војници и три воени хеликоптера го гасеа огнот во текот на ноќта. Гаснењето продолжува од земја и од воздух, но стрмниот и тешко пристапен терен дополнително ги отежнува операциите.

Операции за гаснење и евакуација

Надлежните служби информираат дека тимовите интервенираат и со земјени сили и со воздушни средства. Жителите од областа Барабит-Љубан во општина Крује биле евакуирани во текот на ноќта откако пламените јазици се приближиле до населените места.

Албанската полиција соопшти дека уапсила лице осомничено дека го предизвикало пожарот. Според првичните информации, осомничениот запалил сува трева во близина на својот дом во саботата, но огнот поради силниот ветер брзо се проширил и стигнал до планината Крује.

Пожарот избувнал на околу 38 километри северно од главниот град Тирана, а надлежните служби продолжуваат со напорите за негово ставање под целосна контрола.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи