Почетна
Македонија

Граѓани поставија табла со албански натпис на влезот од мегапаркот во Бутел, вели ДУИ

ДУИ вели дека граѓани го поставиле албанскиот натпис откако институциите не постапиле според Законот за употреба на јазиците.

·Македонија
Граѓани поставија табла со албански натпис на влезот од мегапаркот во Бутел, вели ДУИ

На прес-конференција утрово пред влезот на мегапаркот во Општина Бутел, Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на влезната табла, покрај на македонски, е поставен и натпис на албански јазик.

Од партијата посочија дека таблата со двојазичен натпис не ја поставиле општинските или градските власти, туку граѓани кои, како што рекоа, решиле да постапат и да го испочитуваат правото утврдено со закон откако нивните укажувања останале без одговор.

ДУИ потсети на претходните реакции и на законот

Интегративците наведоа дека за прашањето досега реагирале преку медиумите, социјалните мрежи, на седниците на Советот на Општина Бутел и со барања упатени до Инспекторатот за употреба на јазиците, но не добиле соодветна реакција од надлежните.

„Затоа, граѓаните одлучија да преземат конкретен чекор: на таблата на мегапаркот во Бутел да го постават и натписот на албански јазик. Со овој чин не само што се исполнува законска обврска, туку истовремено се овозможува албанските граѓани во овој јавен простор да читаат и на својот мајчин јазик, што за нив претставува и гордост“, рекоа од ДУИ.

Партијата ги прозва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, нагласувајќи дека таблата требало да биде двојазична од самиот почеток. ДУИ побара одговорност од институциите и одговорни лица за непостапувањето и потсети на член 1 став 3 и член 16 од Законот за употреба на јазиците како правна основа за двојазично именување на улици, паркови и други објекти во општините каде најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат друг јазик покрај македонскиот.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи