Почетна
Политика

Халил Снопче прашува дали согласностите за изградба на езерца ги прикриваат копањата на песок

Пратеникот од Алијансата за Албанците на седницата за пратенички прашања повика институциите да проверат дали локациите за езерца се користат за експлоатација.

·Политика
Халил Снопче прашува дали согласностите за изградба на езерца ги прикриваат копањата на песок

Пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците побара од Собранието да провери дали фирмите што добиваат согласности за изградба на езерца за рекреативен риболов навистина градат рекреативни центри или само вршат експлоатација на песокот и на чакалот од локациите.

Прашањето доаѓа три седмици откако беше објавено истражување дека лица поврзани со фирми за ископување песок и за подготовка на бетон во изминативе две години побарале дозволи за одгледување риба во езерца за рекреативен риболов на локации познати по долгогодишна експлоатација на песок.

Жителите на Конјари бараат одговори

На говорницата, Снопче рече дека се обраќа во име на жителите на селата Горно, Средно и Долно Коњари, кои три децении се борат со неконтролираното ископување песок во тој реон. Тој предупреди дека активностите го загрозуваат снабдувањето со вода, животната средина и земјоделското земјиште.

Според пратеникот, проблемот засега директно ги опфаќа околу 5.000 жители и околу 400 ученици во локалното основно училиште. Снопче повика на појасна контрола при издавањето согласности и на проверка дали издадените дозволи кореспондираат со реално градежно дејствување на терен.

Тој побара релевантните институции да проверат дали согласностите за изградба на езерца за рекреативен риболов не се користат како прикривање за експлоатација на песок и чакал.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи