Почетна
Политика

Власта и опозицијата во клинч околу Алта банка

СДСМ ја повикувајавата обвинителство да постапи; ВМРО‑ДПМНЕ тврди дека треба да се објаснат одлуките од 2023 година.

·Политика
Власта и опозицијата во клинч околу Алта банка

Политичката расправа за влегувањето и контролата над Алта банка ја врати во центарот на вниманието дилемата кој ја донел банката во Македонија, кои институции ги проверувале нејзините сопственици и зошто надлежните продолжуваат да молчат.

Од СДСМ јавуваат дека ја чекаат реакцијата на обвинителството по кривичната пријава поднесена против Славески и други одговорни лица, и дека една недела по пријавата сè уште нема видлив одговор од обвинителната институција.

„Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија? Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите? Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат, изјави Јон Фрчкоски – СДСМ.

Опозицијата ја враќа топката за 2023 година

ВМРО‑ДПМНЕ возвраќа дека СДСМ избегнува да одговори за сопствената улога и за одлуките донесени во 2023 година, и прашува зошто тогашната власт не постапила доколку имала сомнежи за капиталот и сопственоста на банката.

„Филипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година. За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура. Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката?“ изјави Валентин Манасиевски – Портпарол на ВМРО‑ДПМНЕ.

Надзорната расправа околу Алта банка отвори низа прашања за одговорноста и законитоста на контролите, но засега не донесе конкретни одговори. Не е потврден датум за продолжението на расправата, додека во јавната дебата под контрола се гувернерот, обвинителството и одлуките од претходната власт.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи