Хаос на границата: Тијана Ем не ја премина, концертот во Крива Паланка одложен
Пејачката се извини преку видео порака, организаторите на Events Македонија најавија нов термин.

Популарната српска пејачка Тијана Милетиќ — позната како Тијана Ем и под прекарот „Жената на султанот“ — соопшти дека поради неочекувани административни пречки не успеала да влезе во Македонија, па најавениот концерт во Крива Паланка е итно одложен.
Организаторите објавија дека настанот ќе биде одложен
Организаторите преку официјалната инстаграм-страница Events Македонија ја известија публиката дека концертот ќе се презакажe за нов термин кој дополнително ќе биде соопштен. Во објавата тие се извинија до сите кои планирале да присуствуваат.
По инцидентот, Тијана Ем се огласи со видео порака и пораки на социјалните мрежи во кои им се обрати на своите фанови и им се извини за откажувањето.
Во нејзината порака стои: "Поздрав, драги мои. Јавувам ви се, пред сè, со едно големо извинување. Вечерва требаше да се дружиме во Македонија, во Крива Паланка, но за жал, од административни причини нема да можам да ја преминам границата".
Оваа неочекувана административна пречка разочара многумина од обожавателите кои го очекуваа настапот. Засега не е познато каква точно е природата на проблемот и кога ќе биде закажан новиот термин.
Организаторите упатија апел до купувачите на влезници да ги следат официјалните канали за нови информации и за потврда за новиот датум на концертот.
Фото: прес-материјал од настанот


