Почетна
Свет

Хеликоптер на ЕУФОР „Чинук“ се урна кај Брчко — четворица загинати, 11 повредени

Италијански CH-47 „Чинук“ се урна за време на рутинска операција; ЕУФОР отвори детална истрага.

·Свет
Хеликоптер на ЕУФОР „Чинук“ се урна кај Брчко — четворица загинати, 11 повредени

Транспортен хеликоптер CH-47 „Чинук“ во состав на италијанските сили во рамки на мисијата ЕУФОР се урна попладнево во селото Горице, во близина на Брчко, Босна и Херцеговина. Според извештаите во српските медиуми, во несреќата има четворица загинати и 11 повредени.

Од ЕУФОР потврдија дека едно од нивните летала се урнало за време на рутинска операција и нагласија дека нема причинета штета на цивилна инфраструктура, имот или возила.

На местото на несреќата веднаш пристигнаа полиција, пожарникари и екипи на итна медицинска помош. Повредените се префрлени во Здравствениот центар во Брчко, каде што персоналот е ставен во состојба на готовност; градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ, изјави дека потешките случаи ќе бидат пренесени во други здравствени установи за понатамошно лекување.

Почната е испитна постапка

ЕУФОР започна детална истрага за причините на падот и соопшти дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе се утврдат фактите. Мисијата апелира до граѓаните да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните извори.

На социјалните мрежи се шири видео од моментот на несреќата, а објавата вели: "Видеото го прикажува моментот кога италијански CH-47 Chinook се урна во БиХ. Ова е најсериозниот инцидент поврзан со мисијата EUFOR Althea во Босна и Херцеговина од 2008 година кога македонски хеликоптер се урна, резултирајќи со загинување на сите 11 патници и членови на екипажот." Објавата е во име на профилот GOLDZEN.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи