Лажни дојави за бомби ја евакуираа РТС; Дневникот емитуван со задоцнување
Дојавата пристигна во 18:42, противдиверзантски тимови ги проверуваа зградите на РТС и по речиси половина час програмата продолжи.

Лажни дојави за поставени бомби во објектите на Радио-телевизија Србија (РТС) вечерва предизвикаа евакуација на вработените и пролонгирање на емитувањето на вториот Дневник.
РТС објави дека до нивниот контакт-центар е пристигната дојава во 18:42 часот, по што поради безбедносната закана вработените ги напуштиле зградите додека траеле проверките.
Противдиверзантски проверки и прекин на програмата
Противдиверзантските единици при Министерството за внатрешни работи на Србија ги провериле објектите на РТС на улиците „Таковска“ и „Абердарева“, објектот на Радио Белград и комплексот на Кошутњак. За време на проверките емитувањето беше прекинато.
Поради проверките емитувањето на вториот Дневник било одложено за речиси половина час. По завршувањето на безбедносната контрола било утврдено дека дојавите се лажни, вработените се вратиле на своите работни места и програмата продолжила.
Овие настани следуваат по измените во раководството на РТС: откако генералната директорка Мања Грчиќ поднесе оставка, Управниот одбор на јавниот сервис на електронска седница го назначи Дејан Јовановиќ за вршител на должноста директор, а Боривоје Ускоковиќ за главен и одговорен уредник на информативната програма.
Фото: Emilija Knezevic / Wikimedia Commons (CC BY 4.0)


