Почетна
Македонија

ХЕРА: Само 14% од младите жени во Македонија користат современа контрацепција

ХЕРА предупредува дека финансиските и системските бариери ја намалуваат достапноста на современата контрацепција; МИЦС 2018–2019 ги давате бројките.

·Македонија
ХЕРА: Само 14% од младите жени во Македонија користат современа контрацепција

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА предупредува дека во Македонија сѐ уште е ниска употребата на современи контрацептивни методи и дека начинот на финансирање и достапноста ги ограничуваат изборите на граѓанките, во пресрет на Светскиот ден на контрацепцијата под мотото „Избор без бариери“.

Податоци од МИЦС 2018–2019

Според последните национални податоци од Истражувањето на повеќекратни индикатори (МИЦС) 2018–2019 на УНИЦЕФ, 43,9 отсто од паровите на возраст од 15 до 49 години кои се во брак или заедница користат прекинат сексуален однос како метод за спречување бременост, додека современа контрацепција користат само 14 отсто.

ХЕРА посочи дека состојбата е особено загрижувачка меѓу помладите жени: околу 14% од жените на возраст од 20 до 24 години користат современ контрацептивен метод, додека 38,6% се потпираат на прекинат сексуален однос. Кондом користат 11% од младите жени во оваа возрасна група.

Асoцијацијата дополни дека и покрај тоа што одредени лекови и производи се ставени на новата есенцијална листа, не се сите бесплатни: „Не се бесплатни антибеби пилулите и никотинските фластери ставени на новата есенцијална листа на лекови.“

ХЕРА повикува на функционален здравствен систем кој ќе обезбеди достапна контрацепција, квалитетно советување и услуги за сексуално и репродуктивно здравје, за правото на избор да стане реалност за повеќе жени.

Фото: К. Попов)

Поврзани написи