Почетна
Балкан

Хрватска ги проширува ограничувањата за енергетски пијалаци: забрана за послужување на малолетници

Предлог-закон ќе им забрани на угостителите да послужуваат или да дозволуваат консумација на енергетски пијалаци од страна на малолетници.

·Балкан
Хрватска ги проширува ограничувањата за енергетски пијалаци: забрана за послужување на малолетници

Хрватска планира да ги заостри правилата за енергетските пијалаци кон малолетниците и да го забрани нивното послужување во угостителските објекти, додека во Македонија законот за трговија дозволува продажба до 14-годишна возраст.

Угостителите нема да можат да послужуваат или да дозволуваат консумација од малолетници

Според предлог-решението кое се разгледува во хрватскиот Собор, угостителот не смее да му послужи енергетски пијалак на малолетник ниту да му дозволи да го пие во локалот. Со новиот закон би биле опфатени и производите кои по состав или дејство се слични на енергетските пијалаци.

Иницијативата доаѓа од Министерството за здравство на Хрватска, кое во образложението наведува дека со закон ќе се уредат и означувањето и рекламирањето на овие производи.

Во образложението се повикува на истражување на Хрватскиот завод за јавно здравство според кое дел од учениците пијат "750 милилитри или повеќе", и покрај предупредувањата на амбалажата дека пијалаците со висока содржина на кофеин не се препорачуваат за деца.

Во пракса, продавниците во Хрватска од јуни не смеат да продаваат енергетски пијалаци на лица помлади од 18 години; продавачот мора да ја одбие продажбата доколку оцени дека купувачот е помлад од 18 години, освен ако купувачот не покаже документ за полнолетство. Во Македонија, член 24 од Законот за трговија поставува пониска старосна граница: трговецот на мало не смее да им продава енергетски пијалаци на деца помлади од 14 години. Продавниците се должни да истакнат известување за забраната на видно место, а продавачот има обврска да ја утврди возраста на купувачот. За алкохол и цигари, истиот член ја поставува границата на 18 години.

Фото: EPA/NEIL HALL

Поврзани написи