Хрватска најави „Пантеон АИ“ — технолошки центар од 50 милијарди евра во Топуско
Проектот „Пантеон АИ“ во Топуско предвидува 1.000 MW приклучна моќ и околу 3.500 работни места, но зависи од планови и дозволи.

Во Хрватска се најавува изградба на голем центар за вештачка интелигенција под името „Пантеон АИ“, со најавена инвестиција од 50 милијарди евра во општината Топуско, во близина на границата со Босна и Херцеговина.
Инвеститорите и Хрватскиот оператор на преносниот систем очекуваат во ноември 2026 да потпишат договор за приклучување на комплексот на електроенергетската мрежа. За работа, проектот бара приклучна моќност од 1.000 мегавати, што одговара приближно на една третина од сегашното оптоварување на хрватскиот преносен систем.
Потребна електро-инфраструктура и работни места
За да се обезбеди потребната енергија, во план е изградба на четири нови далноводи со вкупна должина од околу 300 километри. Трошоците за оваа инфраструктура треба да ги покрие инвеститорот.
Според најавите, проектот би можел да отвори околу 3.500 работни места. Изградбата е планирана за 2027 година, а првите капацитети се очекува да почнат со работа во 2029 година.
Сепак, реализацијата ќе зависи од завршување на просторните планови, изработка на проценка на влијанието врз животната средина и добивање на потребните дозволи пред да започнат градежните работи.
Фото: index.hr


