Почетна
Спорт

Иџе на подиумот во Словенија: новиот болид меѓу најбрзите во Европа

Игор Стефановски заврши трет во генералниот пласман во Илирска Бистрица на своето деби со новиот прототип.

·Спорт
Иџе на подиумот во Словенија: новиот болид меѓу најбрзите во Европа

Игор „Иџе" Стефановски забележа значаен успех во Словенија — со новиот прототип заврши на третото место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, дел од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

Дебито меѓу најбрзите

Стефановски настапи во Категорија 2 — класата на болиди и прототипи каде што се натпреваруваат најбрзите возила на ридските патеки. На трката учествуваа 242 автомобилисти од цела Европа, што го прави неговиот пласман уште повреден.

На стартот се најдоа и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка, но Иџе успеа да се искачи до подиумот на своето прво деби со новиот болид.

„ Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моя кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија", вели Стефановски.

Возачот упати благодарност до поддржувачите и тимот што го придружува проектот: „ Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат."

По успешниот старт со новиот прототип, фокусот се пресели кон финалната трка во Бузет, Хрватска. „ Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна", најавува гордо Иџе.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи