Почетна
Македонија

Инфективната: Во последната недела само еден хоспитализиран со западнонилска треска

Цана: Седум пациенти се на Клиниката, двајца на респиратор, случаите треба да опаднат со намалување на температурите.

·Македонија
Инфективната: Во последната недела само еден хоспитализиран со западнонилска треска

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Фадил Цана, изјави дека состојбата со западнонилската треска слабее: во последната недела има само еден суспектен хоспитализиран случај.

Состојбата во болницата

„На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти. Во текот на последната недела, да не кажам и десетина дена, имаме само еден суспектен хоспитализиран пациент, додека другите се истите шест потврдени пациенти. Од нив, двајца се потешко болни и сè уште се на респираторна поддршка во Одделот за интензивна нега. Останатите се стабилни и се на Одделот за невроинфекции“, рече Цана.

Тој нагласи дека двајца пациенти се во потешка состојба на респираторна поддршка, додека останатите се лекуваат на одделот за невроинфекции и се во стабилна состојба.

Цана очекува дека бројот на случаи ќе опаѓа со намалувањето на температурите. „Очекуваме, како што опаѓаат температурите, да заврши и оваа епидемија, бидејќи според светските статистики, така се одвиваат епидемиите, во доцните летни месеци, односно во септември, се очекува пад“, рече тој.

Тој додаде дека по преземените мерки од здравствените и локалните власти, особено во општините што беа зафатени со епидемијата, се гледаат резултати. „Но, мора да кажеме и дека по преземените мерки од здравствените и локалните власти, особено во општините што беа зафатени со епидемијата, се гледаат резултати и имаме намален број на инфицирани“, рече Цана.

Нема специфичен лек за западнонилска треска, закрепнувањето може да трае со месеци – вели директорот на Инфективна.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи