Почетна
Свет

Иран го криминализира давањето изјави за медиуми означени како „врежески“

Предлог-законот ги забранува контактите со медиуми што Техеран ги смета за "вражески" и предвидува затвор од шест месеци до две години.

·Свет
Иран го криминализира давањето изјави за медиуми означени како „врежески“

Иранскиот парламент усвои предлог-закон со кој интервјуата и другите комуникации со медиумите што властите ги сметаат за непријателски би биле кривично дело, што го заострува контролирањето на контактите меѓу иранските граѓани и одредени странски редакции.

Во предлог-законот се наведени американските и израелските медиуми, како и медиумски куќи што властите ги означуваат како финансирани од САД или Израел.

Пред да стапи на сила, текстот треба да биде разгледан од Советот на чувари. Ако биде усвоен во сегашната форма, интервјуата или учеството во дебати со таквите медиуми ќе бидат забранети, а прекршувањата ќе носат затворски казни од шест месеци до две години.

За интервјуа со други странски медиуми, според предлогот, ќе биде задолжително да се извести Министерството за разузнавање.

Ова не е првпат Техеран да ја заострува регулативата за соработка со странски субјекти: законот усвоен минатата година, по 12-дневната војна со Израел и САД, воведе построги казни за наводна соработка со непријателски држави.

Како пример на начинот на спроведување, иранската фоторепортерка Јалда Моајери беше осудена на 15 години затвор овој месец по обвиненија што вклучуваат давање интервјуа на медиуми означени како непријателски и обезбедување фотографии на организации поврзани со САД и Израел. Иран им нуди на своите граѓани по 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник.

Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Поврзани написи